Ви благодариме што покажавте интерес за нашата веб-страница www.futureinnovations.mk, која е администрирана од Футуре Инноватионс ДООЕЛ Скопје како „контролор на лични податоци“ и платформата Вендор како „заеднички контролор на лични податоци“.
Футуре Инноватионс ДООЕЛ Скопје посветува големо внимание на почитувањето на приватноста и заштитата на личните податоци, со што ја заслужуваме Вашата доверба. Заштитата на Вашите лични податоци е наш приоритет, па затоа Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа Политика за приватност.
Ве информираме дека можете да ја посетите нашата веб-страница без да ги откриете Вашите лични податоци. Сепак, доколку сакате да се регистрирате како наш корисник, неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци. Личните податоци на корисниците на нашиот веб-сајт се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Со оваа Политика за приватност, Ве информираме за природата, обемот и целта на собирање, користење и обработка на Вашите лични податоци, како и за начинот на кој ги штитиме Вашите податоци и Вашите права според Законот за заштита на личните податоци. Вендор ДООЕЛ Скопје, како заеднички контролор на лични податоци, применува бројни технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци што се обработуваат преку оваа веб-страница. Сепак, имајте предвид дека апсолутна заштита при доставување лични податоци преку интернет не може да се гарантира.
Повеќе за Политиката за приватност на партнерската компанија можете да прочитате тука.
За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се следниве информации:
Со овие податоци, можеме да ги испорачаме производите и да Ве известиме за статусот на нарачката.
Во име на Футуре Инноватионс ДООЕЛ Скопје, се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните податоци за корисниците, со цел давање квалитетна услуга.
Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и се достапни само на вработените кои имаат потреба од нив за извршување на редовни работни активности.
Личните податоци ги обработуваме според следниве принципи:
Законитост, правичност и транспарентност
Собирање на минимален обем на податоци
Заштита од неовластена обработка, губење или оштетување
Применуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита на Вашите лични податоци.
Како корисник, имате право да:
Поднесете приговор до контролорот на лични податоци
Побарате корекција на неточни податоци
Ограничите обработка на личните податоци
Побарате бришење на личните податоци
Ја повлечете согласноста за обработка на личните податоци
Можете да го остварите овие права преку контакт со контролорот на лични податоци.
Нашата веб-страница користи cookies (колачиња) за подобрување на корисничкото искуство. Cookies се текстуални фајлови што се зачувуваат на Вашиот уред при посетата на веб-страницата и ни помагаат да разбереме како ја користите.
За повеќе детали, погледнете ја нашата Политика за колачиња.
Ако сакате да ги промените, избришете или дознаете повеќе за Вашите лични податоци, можете да се обратите на следните контакти:
Контакт со контролор на лични податоци:
Телефон: +389 70 339 103
Е-маил: [email protected]
Адреса: Футуре Инноватионс ДООЕЛ Скопје
Заеднички контролор на лични податоци:
Веб-страница: www.vendor.com.mk
Е-маил: [email protected] | [email protected]
Друштво за програмирање, веб дизајн и трговија ВЕНДОР ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.